• Саше Љолес
Славниот германски фудбалер, Руди Фелер, официјално останува на функцијата спортски директор во националниот тим и го продолжи договорот до 2026 година.
Ова значи дека ќе остане меѓу „панцерите“ до истекот на Светското првенство кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а соработката е обновена на обострано задоволство, јавуваат германските медиуми.
„Сакаме да направиме сериозен исчекор. Најпрво да одиграме феноменално Европско првенство во нашата земја, а потоа се фокусираме на Мундијалот. Целта се знае, Германија мора да ја вратиме на светскиот трон“, кратко изјави Фелер.
Во својата играчка кариера 63-годишниот Руди Фелер запиша над 115 настапи за Германија, а воедно го освои и Светското првенство кое се одржа во 1990 година во Италија.