• Саше Љолес
Грчкиот Панатинаикос реши да го отпушти тренерот Руи Виторија поради серијата лоши резултати на стартот од сезоната.
Информацијата ја потврди клубот, од каде му се заблагодарија на португалскиот стручњак за неговиот ангажман.
„Благодариме, Руи. Ти посакуваме само најдобри нешта во следните поглавја од кариерата“, стои во објавата на „детелинките“ на социјалната мрежа „икс“.
55-годишниот Виторија доби отказ поради тоа што освои само еден бод по првите две гола во првенството. Веќе во следното коло ПАО ќе се соочи со најголемиот ривал, Олимпијакос, а потоа ќе се подготвува и за предизвиците во Лига Европа.

