ВИДЕО: Панама приреди изненадување против САД, ќе игра финале против Мексико

Фудбалерите на Панама по подобро изведување на пенали победија во полуфиналето на Голд купот против еден од домаќините - Сoединетите Американски Држави. По деведесет минути немаше голови, по 120 беше 1-1, а по пеналите Панама победи со 5-4 и во финалето ќе се сретне со Мексико, кој ја совлада Јамајка со 3-0.

Така селекцијата на Панама, водена од Томас Кристијансен, се пласира во првото финале по десет години, само трето во историјата. Од друга страна, Американците го пропуштаат првото финале по осум години.

Панама немаше среќа во регуларните деведесет минути. Беше подобар ривал на теренот, а ВАР ѝ поништи два гола. Сепак, на стартот од продолженијата поведе преку Андерсон, До крајот на дополнителните триесет минути домаќинот израмни преку Фереира, но немаше среќа во пенал-рулетот и остана без шанса за борба за трофејот.

Во финалето Панама ќе игра против актуелниот вицешампион Мексико. „Сомбреросите“ ја оправдаа улогата на фаворити против Јамајка и победија со 3-0 со головите на Мартин во втората, Чавез во 30. минута и Алварадо во третата минута од судиското надополнување.

Големото финале е закажано за 17 јули.