ВИДЕО: Палмеирас си даде автогол во финишот, Челзи слави полуфинале на СКП

Фудбалерите на Челзи го продолжуваат патот кон финалето на Светското клупско првенство, кое што се одржува во Соединетите Американски Држави, откако во второто четвртфинале со минимални 2-1 (1-0) совладан беше тимот на Палмеирас

  • Извештај од натпреварот:

По победата на Флуминенсе над Ал-Хилал јужноамериканските фанови посакуваа бразилско соочување во полуфиналето, но лондончани не го дозволија тоа и со голема доза на среќа го совладаа противникот и се пласираа меѓу четирите најдобри на турнирот. 

Резултатот беше отворен по само шеснаесет минути игра, кога најдобриот фудбалер на „сините“, Кол Палмер, погоди за 0-1. Со овој резултат се замина на одмор, а само што започна вториот дел Естевао израмни на 1-1 со гол од „мртов агол“ и ја врати неизвесноста на натпреварот. Сепак, неговиот соиграч Вевертон во 83. минута си постигна автогол, со кој Челзи извојува победа од 1-2.

Во полуфиналната битка Челзи ќе се судри со  Флуминенсе, тим кој во оваа фаза го совлада Ал-Хилал со 2-1.

ФОТО/PHOTO: Chelsea (X)

Состави

Abel Ferreira

4-2-3-1

    Енцо Мареска

    4-2-3-1