• Саше Љолес
Фудбалерите на бразилскиот Палмеирас изборија пласман во полуфиналето на Копа Либертадорес, совладувајќи го аргентинскиот гигант Ривер Плата со вкупен резултат од 5-2 во четвртфиналната пресметка.
По триумфот од 2-1 на првиот натпревар во Буенос Аирес, Палмеирас уште поубедливо славеше на домашен терен со 3-1, обезбедувајќи сигурен пласман меѓу четирите најдобри екипи на турнирот.
- Извештај од натпреварот:
Ривер започна силно и поведе уште во осмата минута преку Максимилијано Салас, но домаќините одговорија во второто полувреме. Виктор Роке израмни во 51. минута, а драмата ја заокружи Хозе Лопез со два гола во судиското продолжение - првиот од пенал во 90+1 минута, а вториот дојде три минути подоцна.
Аргентинците останаа со играч помалку во финишот на натпреварот, откако Маркос Акуња доби втор жолт картон во 87. минута.
Во полуфиналето, Палмеирас ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Сао Паoло и ЛДУ Кито. Еквадорскиот тим има предност од 2-0 по првиот натпревар.




