ВИДЕО: Палмеирас го освои Бразилерао, Зе Роберто шампион на 42 години

Еден од најголемите бразилски тимови на сите времиња Палмеирас од Сао Паоло стана нов шампион на Бразил и тоа првпат по 22 години. Единствениот гол по победата од 1-0 против Чапакоензе го постигна Фабиано во 25. минута.

Така Палмеирас има +7 поени пред Фламенго и теоретски на две кола до  крајот не може да биде достигната. Ова е деветта титула во Бразилерао за „зелените“ во чии редови настапува 42-годишниот Зе Роберто

Мечот за титула беше последен во дресот на Палмеирас на бразилскиот репрезенатативец Габриел Жезус, кој од јануари ќе му се приклучи на англискиот Манчестер Сити.