Палермо победи и без Несторовски и остана во игра за Серија А

Некогашниот калчолигаш Палермо остана во игра за Серија А, затоа што конечно ја прекина низата на нерешени резултати и како гостин кај Асколи славеше со 1-2 (1-2).

Сите три гола на мечот паднаа во второто полувреме, а трите бода ги освои тимот од Сицилија. Благодарение на истите, остана во игра за второто место во Серија Б кое носи директна промоција во италијанската фудбалска елита.

Во редовите на Палермо настапи Александар Трајковски, а го немаше Илија Несторовски, додека головите вредни три бода ги дадоа Морео и Хас. Единствениот гол за Асколи беше дело на Адае, за 1-1.

Палермо има 62 бода, еден помалку од Лече кој е второпласиран. Лидер на табелата е Бреша и веќе е сигурна во промоцијата во Серија А.