Палермо по банкротот експресно мина низ најнискиот ранг во Италија

Екипата на Палермо, иако никогаш не била меѓу најдобрите екипи во лигата, сепак важи за симбол на Италија и Сицилија. 

Последниов период за Палермо беше пеколен, бидејќи минатата година поради финансиски проблеми беше исфрлен од Серија Б и испратен во најнизок ранг. Поранешиот клуб на Илија Несторовски и Александар Трајковски мораше да го промени името и како ССД Палермо да започне одново. 

Тие се натпреваруваа во Серија Д, а според последната одлука натпреварите од тој ранг се целосно поништени и за конечен се смета моменталниот распоред на табелата до пред прекинот. 

Палермо беше првопласиран во првата група на Серија Д, па заедно со Савои идната сезона ќе се натпреваруваат во третиот ранг на италијанскиот фудбал.