Палермо одлучи: Пет милиони евра за секој што го посакува Несторовски!

Илија Несторовски

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски има големи шанси да си замине од Палермо ова лето.

По три години во дресот на сицилијанската екипа, 29-годишниот голгетер размислува за разделба, а управата ја откри сумата за која што тој може да разгледува понуди.

Секој што ќе сака да соработува со репрезентативецот на Македонија ќе мора да плати пет милиони евра. Кандидати за неговиот потпис се неколку екипи од Апенините, а во борбата ќе се вмеша и Црвена Звезда која одамна го сака во своите редови.

Проблемот на српскиот гигант е желбата на Нестогол да не ја напушта Италија поради своeто семејство.

Кариерата на офанзивецот започна во Прилеп, а продолжи во Словачка и Хрватска, за на крај да заврши во екипата на „чизмата“.