Палермо не може без Македонците: Трајковски и Несторовски погодија во ремито против Ливорно (ВИДЕО)

Александар Трајковски и Илија Несторовски уште еднаш покажаа дека се лидери во тимот на Палермо и беа најзаслужни за денешниот бод на сицилијанскиот клуб, кој во рамките на 35. коло ремизираше на гостинси терен против Ливорно (2-2).

Фудбалерите на Палермо по првите 45 минути имаа предност од 0-1, а стрелец на водечкиот погодок беше нашиот Илија Несторовски, кој во 41. минута успешно го реализираше ударот од белата точка.

  • Голот на Несторовски за водство на Палермо од 0-1:

Во вториот дел тимот на Палермо беше поблиску до вториот погодок, но во 74. минута Диаманти погоди за 1-1. Во 83. минута Раичевиќ реализира за целосен пресврт, а бод за тимот на Палермо од денешното гостување донесе Александар Трајковски во 90. минута, кој искористи една одбиена топка и ја смести во домашниот гол.

  • Голот на Трајковски за израмнување на Палермо на 2-2:

Во следното коло Палермо битката за директен пласман во Серија А ќе ја продолжи на домашен терен против Специа.