Палермо не дал финансиски гаранции и остана без лиценца за Серија Б! 

Поранешниот стабилен калчолигаш, Палермо, минува низ најтешкиот период во последната деценија. 

Пред два месеци судот реши да го санкционира тимот од Сицилија, поради финансиски нерегуларности во текот на изминатиот период, односно малверзации при продажбата на клубот и го испрати во Серија Ц, но по жалбата оваа одлука беше поништена. 

Иако се очекуваше дека Палермо и во следната сезона ќе се бори за место во Серија А, последните информации кои доаѓаат од Апенините е дека федерацијата на Италија го одби барањето на Сицилијанците за настап во Серија Б. 

Комисијата која ја разгледуваше апликацијата соопшти дека во истата постојат голем број нејаснотии, а најголема забележа беше тоа што клубот не дал финансиски гаранции за нормално функционирање. Раководните лица на Палермо во рок од седум дена може да поднесе жалба на оваа одлука со надеж дека нешто може да се промени. 

Доколку комисијата нема да го промени својот став, тогаш и дефинитивно ќе значи распаѓање на тимот и заминување на нашите репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.