Палермо може да здивне, Несторовски се врати на тренинг

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски повторно е дел од тренинзите на Палермо и многу веројатно ќе настапи на наредната средба на сицилијанците во Серија Б.

Палермо е во исчекување на наредниот меч со Салернитана, а Несторовски се појави на последниот тренинг на тимот и ќе му се стави на располагање на Тедино во продолжението од сезоната.

Напаѓачот отсуствуваше од последните мечеви на тимот од Сицилија поради повреда, но како што изгледа таа за него е минато. Покрај Несторовски, на тренинзите на Палермо се врати и Норберт Балог.