ВИДЕО: Палас во полуфинале, АЕК беше близу до сензација, Мајнц „потопен“ во Франција!

Екипата на Кристал Палас се „чекираше“ во полуфиналето на Конференциската лига, и покрај минималниот пораз од Фиорентина (2-1) во четвртфиналниот реванш одигран во Италија. 

  • Фиорентина - Кристал Палас 2-1:

„Виолетовите“ ја остварија победата со головите на Алберт Гудмундсон и Шер Ндур, а погодокот за Палас го постигна Исмаила Сар во 17. минута. За премиерлигашот беше повеќе од доволна залихата од првиот натпревар во Лондон, каде славеа со сигурни 3-0. 

Близу до сензација беше грчкиот АЕК од Атина, кој го надигра Рајо Ваљекано со конечни 3-1, но му фалеше само еден гол за да го одведе мечот во продолженија. Имаа Грците 3-0 по 50 минути игра во Атина, но шпанскиот претставник го осигура полуфиналето со голот на Иси Палазон, кој стрелаше десет минути подоцна. 

  • АЕК Атина - Рајо Ваљекано 3-1:

Вистински потоп доживеа германскиот Мајнц, кој не ја сочува позитивата од два гола и загуби со убедливи 4-0 на гостувањето кај Стразбур во Франција. Домашниот тим постигна по два погодока во двете полувремиња, со што комплетно го дотолчи ривалот од Бундеслигата. 

  • Стразбур - Мајнц 05 4-0: 

Кристал Палас во полуфиналето се соочува со украинскиот Шахтјор, а екипата на Стразбур оди на двомеч со Рајо Ваљекано.