ВИДЕО: Палас ѝ одржа лекција на Фиорентина, три гола за десет минути за Шахтјор

Фудбалерите на Кристал Палас рутински го одиграа првиот четвртфинален натпревар од Конференциската лига против италијанската Фиорентина, совладувајќи ја со конечни 3-0 (2-0). 

  • Кристал Палас - Фиорентина 3-0:

Жан-Филип Матета го отвори резултатот во Лондон по 24 само минути игра, а на 2-0 зголеми Тајрик Мичел, кој се впиша во листата на стрелците само седум минути подоцна. На паузата, Палас замина со комотна предност. 

Фиорентина сакаше да избегне поголема катастрофа, се обиде да заигра подобро, но успеа да создаде само две-три солидни прилики против силниот премиерлигаш. Италијанскиот состав не дојде до почесен погодок, a згора на тоа, прими уште еден гол во 91. минута (стрелец Исмаила Сар), што го прави реваншот во Фиренца уште потежок.

Германскиот Мајнц 05 го надигра францускиот Стразбур на домашен терен со резултат 2-0. Бундеслигашот ја завери победата со головите на Каишу Сано и Стефан Пош, и заминува на реваншот со солидна предност. 

Украинскиот Шахтјор со десетминутен „блицкриг“ ја завери мисијата против АЗ Алкмар од Холандија (3-0). Натпреварот одигран во полскиот Краков беше решен со три гола во периодот меѓу 72. и 82. минута. 

Шахтојор ќе патува кај АЗ со една нога во полуфиналето, а за тоа се погрижија двајца Бразилци. Алисон, кој постигна два гола, а уште еден беше дело на Педрињо