ВИДЕО: Палас е со една нога во финалето, Рајо со „минималец“ за Стразбур

Екипата на Кристал Палас обезбеди солидна залиха во првиот полуфинален натпревар против Шахтјор во Конференциската лига на УЕФА, триумфирајќи на гостински терен со 1-3 (0-1). 

Лондонскиот премиерлигаш ја оправда фаворитската улога и комплетно ја наметна својата игра, а стрелци на погодоците беа Исмаила Сар, Даичи Камада и Јорген Ларсен. Единствениот погодок за домаќините го постигна Олег Очеретко во 48. минута од натпреварот. 

Иако Шахтјор се врати на 1-1 на стартот од вториот дел, не успеа да стори нешто повеќе и ќе се надева на сензација на реваншот во Англија. Палас има голема веројатност да игра во мечот за трофејот на најновото натпреварување на УЕФА. 

Шпанскиот Рајо Ваљекано се избори за минимална победа над Стразбур на домашен терен и славеше со конечни 1-0 (0-0). 

Творец на триумфот за Рајо беше Бразилецот Алемао, кој ја затресе гостинската мрежа по девет минути игра во второто полувреме. Реванш полуфиналните дуели во Конференциската лига се играат на седми мај.