• Саше Љолес
Бразилскиот фудбалер од редовите на Вест Хем, Лукас Пакета, се наоѓа во огромни проблеми откако беше обвинет за илегално влијаење врз спорсткото обложување.
Како што е веќе познато, се појавиле многу сомнителни уплати во обложувалниците дека Пакета ќе добие жолти картони на дури четири натпревари, а европските медиуми ги пронајдоа видеата од овие натпревари и веднаш објавија на кој начин Бразилецот ги добиваше картоните.
There was never no doubt with Paqueta pic.twitter.com/uYf1kbLO56
— EPL Bible (@EPLBible) May 23, 2024
На дел од нив очигледна е неговата намера да направи груб прекршок, што долева дополнителен сомнеж на целиот случај, а доколку биде докажана вина, за Пакета следува жестока суспензија и евентуална доживотна забрана за настап во Премиер лигата.
Играчот има рок до 3 јуни да ја изнесе својата одбрана, но како одминуваат деновите, доказите сѐ повеќе одат на негова штета. Лукас Пакета е во Премиер лигата од 2022 година и во дресот на Вест Хем одигра 59 натпревари.