ВИДЕО: Пакета ја прекина несовладливоста на Поуп, „чеканите“ откинаа бод од Њукасл

Главното изненадување во сезоната на Премиер лигата, Њукасл Јунајтед одигра само 1-1 (1-1) на домашен терен против Вест Хем, во последниот саботен натпревар од 21. коло. Веста на денот е примениот гол на голманот на „чавките“, Поуп, кој прими погодок по скоро десет натпревари и неполни илјада минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот започна со силовите напади на домаќините и по само пет минути двапати ја погодија мрежата на „чеканите“. Најнапред во втората минута беше поништен голот на Вилсон, откако топката излезе во гол-аут пред напаѓачот да ја погоди мрежата. Сепак, само шеесет секунди подоцна одбраната на Вест Хем постави погрешна офјсајд стапица, а Лонгстаф милиметарски точно го проигра Вилсон, а овој со одмерен удар го матира Фабиански (1-0).

По лошите први дваесет минути Вест Хем се созеде и во втората половина на првиот дел редеше шанси пред Поуп. По една голема мешаница пред домашниот голман, по корнер од левата страна, одбраната не расчисти и Лукас Пакета ја протна топката во мрежата (1-1).

Њукасл ја врати доминацијата во вториот дел, Палациос и двапати Вилсон се заканија, но полскиот голман Лукаш Фабиански ги спаси гостите од Лондон. Во последните петнаесеттина минути Еди Хау му даде шанса на Гордон, кој пред неколку дена дојде од Евертон на „Сент Џејмс парк“. Младиот 20-годишен напаѓач имаше и шанса да постигне победоносен погодок, но биеше само во блокот. 

Со ова реми Њукасл го предаде третото место на Манчестер Јунајтед, а Вест Хем направи мал исчекор од опасната зона. 

Состави

Еди Хоу

4-3-3

    Дејвид Мојс

    3-4-2-1