ВИДЕО: Пак сите зборуваат за него – Кркиќ од преку 30 метри даде ефектен гол во МЛС

По двата порази во низа, екипата на Монтреал им се врати на победите во МЛС, откако во единствениот натпревар од синоќешната програма на 19. коло славеше над Интер Мајами со минимални 2-1.

Во редовите на канадскиот тим повторно блесна поранешниот ас на Барселона, Бојан Кркиќ, кој со брилијантен гол уште во шестата минута го отвори резултатот. 30-годишниот напаѓач откако успеа да се ослободи од директниот чувар, си отвори простор за удар и без многу размислување распали од преку 30 метри и донесе домашна радост во дербито.

  • Голот на Кркиќ против Интер Мајами:

За Кркиќ ова беше трет гол во новата сезона на МЛС од десет одиграни натпревари. Поранешниот член на Барса, Стоук, Милан, Рома..., пред три кола ги преплави американските медиуми со магијата против Колумбос.