ВИДЕО: Паје со два гола го реши „Шок дез Олимпик“

Екипата на Олимпик Марсеј забележа триумф во француското дерби со Олимпик Лион (2-1), кое е познато и како „Шок дез Олимпик“. Дуелот на „Велодром“ донесе многу емоции, возбудувања и три бода за домаќинот во дуелот со поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, а сега предводник на Лион, Руди Гарсија. 

  • Извештај од натпреварот:

Марсеј даде два брзи гола во првиот дел и имаше сигурна предност, а Лион иако намали, па дури имаше и играч повеќе речиси половина второ полувреме, не успеа да дојде до реми.

Најдобрата оценка на средбата ја добива Димитри Паје, кој беше двоен стрелец за Марсеј. Првиот гол го даде од пенал во 18. минута, додека во 39. минута, доби топка од Лопез и погоди за 2-0. Утешниот гол за Лион беше дело на Дембеле, во 59. минута, а од Марсеј исклучен беше Алваро кој доби втор жолт картон во 65. минута.

Марсеј со оваа победа дојде на второто место, додека Лион кој некогаш беше првак, сега е на скромното 14-то место во Лига 1.