Паје под полициска истрага, од својата девојка барал „доказ за љубов“ преку понижувачки дела

Бразилската полиција го истражува Димитри Паје поради обвиненијата за злоставување на неговата девојка Лариса Наталија Ферари. 

Десет години помладата партнерка на фудбалерот на Васко Да Гама изнесе бизарни информации поврзани со него. Според нејзините зборови, Паје побарал „доказ за љубов“ од неа и тоа со неверојатни барања. 

„Бараше од мене доказ за љубовта, а тоа вклучуваше понижување. Снимав видеа како ја пијам сопствената урина, како пијам вода од ВЦ школката или го лижам подот“, раскажа Ферари. 

Се наведува дека партнерката на фудбалерот трпела физичко, морално, психолошко и сексуално насилство. Паје по расправија минатата година ѝ се заканил на Ферари дека ќе ја казни, физички напаѓал и ментално ја злоставувал на разни начини. 

Официјални коментари нема ниту од Димитри Паје, ниту од неговиот клуб Васко, а полициската истрага е во тек.