Паје ја намали платата и потпиша нов договор со Марсеј

Францускиот фудбалер Димитри Паје ја продолжи соработката со француски Марсеј во наредните четири години.

Двете страни се договорија за нов договор до 2024 година, а она што е интересно е дека Паје се согласи на намалување на платата. Во сезоната 2020/21, тој ќе добива 50% помала плата, додека година подоцна платата ќе му биде помала за 30%.

Паје оваа сезона одигра 27 натпревари и постигна 12 гола во дресот на Марсеј.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.