ВИДЕО: Паје имаше свое шоу и донесе победа на Марсеј кај Ремс!

Олимпик Марсеј лесно се справи со Ремс и со 1-3 победи на ова гостување, во рамките на 34. коло од француската Лига 1. Иако губеа, со добар финиш на првото полувреме, гостите дојдоа до предност и убедливо победија на крајот кај Ремс. 

  • Извештај од натпреварот: 

Долго немаше голови, но Натаниел Мбуку ја отвори голеадата во финишот на полувремето, па Ремс поведе со 1-0. Сепак, радоста траеше кратко бидејќи Дмитри Паје израмни само три минути по голот на Мбуку. За ситуацијата да биде уште полоша по Ремс се погрижи Аркадиуш Милик, кој на асистенција од Паје донесе пресврт. 

Домашните беа во резултатски дефицит, а останаа и со десетмина на теренот откако Фаес заработи втор жолт картон. Тоа го искористи Марсеј, со вториот гол на Паје поведе убедливо со 1-3. До крајот, Милик даде и уште еден гол кој беше поништен поради офсајд позиција. 

Марсеј се наоѓа на петтата позиција, каде што ќе остане барем до недела кога Ленс игра против Олимпик Ним. Пред овие два тима е битка за место во Конференциската лига на УЕФА, бидејќи останатите тимови пред нив се далеку.