Паје го спаси Олимпик Марсеј од нов пораз во Лига 1

Ако се очекуваше дека со победата во претходното коло над Ница, екипата на Олимпик Марсеј конечно ќе излезе од големата криза и ќе фати залет во Лига 1, тоа не се случи, затоа што поранешниот француски и европски шампион им се врати на неуспесите во домашниот шампионат. 

Ико важеше за фаворит на хартија, тимот од „Велодром“ одигра само 1-1 против оваа сезона еден од најслабите екипи во Лига 1, Нант. Со оглед на настаните во текот на натпреварот, Марсеј може да жали што не дојде и до цел плен, затоа што ја имаше иницијативата, креираше шанси, но фалеше реализација. 

По серијата промашувања на гостите, Нант во 50. минута со голот на Билас го отвори резултатот, но до крајот на мечот Марсеј успеа да израмни и конечните 1-1 ги постави Паје во 69. минута.

По 25 одиграни кола во Лига 1, Олимпик Марсеј ја зазема 6. позиција на табелата со 38 бода, додека Нант сè уште е во опасната зона со 23 бода.