ВИДЕО: Падна првиот погодок на ЕП, Демирал го отвори турнирот со автогол!

Репрезентацијата на Италија го постигна првиот погодок на 16-тото Европско првенство во фудбал, на пресметката против Турција. 

Интересно, „аѕурите“ дојдоа до предност со автогол на Мерих Демирал. Акцијата беше дело на Доменико Берарди, кој проби од десно и уфрли на петерецот, а таму несреќно топката го погоди стоперот на Јуве и заврши во мрежата. 

  • Несреќниот автогол на Демирал: 

Турците беа во инфериорна положба, а домашната селекција сосема заслужено го постигна првиот гол на континенталниот собир.