Падна првата „жртва“ пред СП: Рејес поради повреда остана без настапи во Русија

На ден до почетокот на Светското првенство (СП) во Русија го имаме ја имаме и првата принудна замена во една селекција. Дефанзивниот играч за врска на Мексико, Диего Рејес (25) е првиот фудбалер од конечните списоци кој нема да настапи на Мундијалот, а причината е незгодна повреда. 

Играчот на Порто веќе извесен период се жалеше на повреда на левата нога, а по утринските прегледи лекарскиот тим на Мексико објави дека Рејес нема да може да настапи на планетерниот собир. 

Според правилата на ФИФА во ваков случај Мексико може да ја повика негова замената, а тоа ќе биде играчот за врска на Пачука, Ерик Гутиерез. Мексико на СП ќе се натпреварува во групата Ф заедно со Германија, Шведска и Јужна Кореја.