• Горан Упале
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина поднесе оставка од таа позиција, објави федерацијата.
Медиумите во „Чизмата“ наведуваат дека Гравина одлучил да поднесе оставка по неуспехот на италијанската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули оваа година во САД, Канада и Мексико.
Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство, бидејќи пред два дена во Зеница, во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство, беше поразена од репрезентацијата на Босна и Херцеговина со вкупен резултат од 5-2 (1-1) по изведувањето на пенали.
Италијанската фудбалска репрезентација ќе го пропушти третото Светско првенство по ред, по Русија во 2018 година и Катар во 2022 година.
Во соопштението на Италијанската фудбалска федерација се наведува дека новиот претседател на Здружението ќе биде избран на 22 јуни. Гравина беше на чело на федерацијата од октомври 2018 година.



