• Мартин Танасковски

Многумина го гледаа Порто како непобедлив во Португалија, но дојде и крајот на тој мит. Во дербито на колото Брага минимално ги совлада „змејовите“ (1-0) и стави крај на импресивната серија на тимот од „Драгао“.
Затоа што го победи Портимоненсе со 7-0 минатиот викенд тимот од Драгао влезе во историјата и го изедначи рекордот во шест европски лиги со 58 натпревари без неуспех во првенствените дуели. Последниот пораз на Порто датира од 30 октомври 2020 година од Пакош Фереира со резултат 3-2, а оттогаш „змејовите“ остварија 47 победи и 11 ремија.
Со овие бројки тимот на Сержо Консеисао се изедначи со Милан на Фабио Капело кој меѓу 1991 и 1993 година собра ист број на натпревари без неуспех, ама не успеа и да го надмине затоа што пресуди еден гол во второто полувреме. Човек на одлука беше Рикардо Хорта кој стрела во 54. минута и го даде јубилејниот 100-ти гол во професионалната кариера.
- Извештај од натпреварот:
Поради поразот исто така одложено е и шампионското славје. „Змејовите“ се пред промоција на нови шампиони, ама ќе мора тоа го потврдат следното коло.