• Мартин Танасковски
Англискиот фудбалски клуб Брајтон постигна договор со Олимпијакос за трансфер на осумнаесетгодишниот напаѓач Хараламбос Костулас за сума од 35 милиони евра, пренесуваат денес британските медиуми.
Костулас во четвртокот ги поминал лекарските прегледи, а се очекува наскоро да потпише петгодишен договор кој ќе стапи на сила од 1 јули. Со овој трансфер е соборен рекордот за највисока сума платена за фудбалер од грчки клуб. Претходниот рекорд исто така му припаѓаше на Олимпијакос, кога Вулверхемптон во 2020 година плати 16,6 милиони фунти за Данјел Поденсе.
Доколку се исполнат бонусите вредни дополнителни 1,7 милиони фунти, овој трансфер може да стане и најскап во историјата на грчкиот фудбал, надминувајќи ја сумата од 30,63 милиони евра што Наполи ја плати на Рома во 2019 година за Костас Манолас.
Костулас, кој настапува за младинската репрезентација на Грција до 21 година, дебитира за сениорскиот тим на Олимпијакос во 2024 година, откако претходно ја помина младинската академија на клубот од Пиреја. Минатата година беше стандарден член на тимот на Олимпијакос што ја освои престижната УЕФА Младинска лига, победувајќи ги Интер и Баерн Минхен на патот до финалето, каде што го совладаа Милан.
Во минатата сезона во грчкиот шампионат, Костулас постигна седум голови на 22 натпревари.