Падна договор: Сити го купува еден од најбараните стопери во Англија!

Манчестер Сити договори уште еден голем трансфер. „Граѓаните“ ја победија конкуренцијата и во своите редови уште во зимскиот преоден рок ќе го доведат Марк Геи од Кристал Палас. 

За услугите на англискиот репрезентативец Манчестер Сити ќе плати околу 23 милиони евра за неговиот договор. Геи со Кристал Палас имаше договор со јуни оваа сезона, а клубот беше принуден да го продаде веднаш за да не остане со празни раце. 

Геи ја прифати понудата од Манчестер Сити и доаѓа во клубот во период кога Пеп Гвардиола има главоболки со повреди, особено во дефанзивниот дел. 

Интерес за Марк Геи постоеше од многу европски гиганти како Ливерпул, Арсенал, Баерн Минхен, Реал Мадрид... Сепак, Сити ја победи конкуренцијата и го договори неговиот трансфер.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.