Падна договор: Рубен Аморим ќе го предводи новиот проект на Милан!

Италијанските медиуми на големо пишуваат дека Португалецот Рубен Аморим веќе ги договорил сите услови со калчолигашот Милан и наскоро седнува на клупата на „росонерите“. 

Според добиените информации, Милан ги прифатил барањата на Аморим, кој треба да потпише договор со важност до 2028 година. Зад себе има големо искуство од работата во Спортинг и Манчестер Јунајтед, иако во англискиот клуб немаше премногу светла етапа. 

Со доаѓањето на Аморим, Милан најавува дека започнува нов проект и желба за подобри резултати во иднина, а целта е враќање на врвот на италијанскиот фудбал. 

Се чека само официјалната потврда за доаѓањето на Аморим, која треба да се случи во текот на оваа недела. „Росонерите“ се разделија со Масимилијано Алегри по неуспешната сезона во која не обезбедија пласман во Лигата на шампионите.