Падна договор: Микел Артета потпишува нов договор со Арсенал

Англискиот вицепрвак Арсенал и тренерот Микел Артета постигнаа договор за продолжение на соработката која истекува следното лето. 

Шпанскиот стручњак со својата добра работа од 2019 досега практично го препороди Арсенал. Клубот повторно се бори за титули и е конкурентен, а и челниците почнаа да вложуваат посериозни суми за трансфери. Артета е доста популарен меѓу навивачите на „топџиите“ и продолжението на соработката беше само прашање на време. 

Арсенал и Шпанецот си подадоа рака за нов договор во важност до летото 2027 година. Практично сè беше договорено уште во мај, меѓутоа двете страни се договорија да го одложат потписот до после преодниот рок. 

Сега Артета е подготвен да стави потпис на договорот и да ја продолжи својата работа во северен Лондон. Според моменталниот договор Артета заработуваше околу 10 милиони евра, додека по новиот би требало да добива двојно повеќе.