Падна договор: Лука Модриќ направи жртва за Реал Мадрид!

Екипата на Реал Мадрид и хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ имаа состанок и постигнаа договор околу иднината, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Каталонскиот весник вели дека Модриќ и челниците на актуелниот првак на Шпанија постигнале усмен договор за продолжување на договорот на уште една година. Состанокот траел три часа во Валдебебас, а Модриќ решил да направи жртва.

Иако имал подобри финансиски понуди, Модриќ решил да прифати намалена плата. Оваа сезона Хрватот добивал 10 милиони евра, а од следната платата ќе му биде пет милиони евра.

Лука Модриќ доколку остане во Реал Мадрид како што се тврди, ќе стане клупска легенда. Ќе стане најстар играч кој заиграл за тимот во Шпанија, а ако освои уште една титула во било која конкуренција ќе биде и најтрофејниот „крал“.