• Саше Љолес
Францускиот клуб ПСЖ е блиску до договор со тренерот Луис Енрике за продолжување на соработката до 2030 година.
Иако неговиот сегашен договор трае до 2027 година, раководството сака да обезбеди долгорочна стабилност и да го задржи шпанскиот стратег како клучна фигура во проектот.
Преговорите се во напредна фаза и се очекува наскоро да бидат финализирани. Со новиот договор, клубот јасно покажува доверба во неговата работа и визија за иднината.
Енрике има значајно влијание врз тимот, особено во начинот на игра и развојот на играчите, па затоа ПСЖ гледа на него како долгорочно решение за тренерската позиција. За потсетување, шпанскиот стратег минатата сезона на ПСЖ му ја донесе првата историска титула во Лигата на шампионите.








