Падна договор: Герет Бејл се враќа „дома“ кај Жозе Мурињо

Герет Бејл е непожелен во Реал Мадрид, а како што се најавува од Англија веќе е позната неговата следна дестинација и тој се враќа „дома“.

Крилниот играч е пред трансфер во редовите на Тотенхем. Управата ќе му овозможи посакуван офанзивец на Жозе Мурињо, а тоа ќе биде Велшанецот кој долги години играше во тимот од Северен Лондон.

Во новата сезона Бејл ќе игра како позајмен во Тотенхем. Ова доаѓа откако му пропадна трансферот во Манчестер Јунајтед затоа што не сака да биде во втор план додека тимот чека на Санчо.

31-годишниот Герет Бејл играше за „петлите“ од 2007 до 2013 година, па се пресели во Реал Мадрид. Претходно, тој беше дел и од Саутемптон.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.