Падна договор: Арсенал пред потпис со грчкиот хит од Клуб Бриж!

Арсенал постигна договор со Клуб Бриж и е на чекор до големо засилување во пресрет на новата сезона, откако постигна целосен договор со Клуб Бриж за трансферот на грчкиот репрезентативец Христос Цолис.

Нов член на англискиот шампион ќе стане Христос Цолис. Одличниот грчки фудбалер ќе се пресели на „Емирати“ за сума од околу 40 милиони евра. Левото крило блесна во Клуб Бриж и го привлече вниманието на европските гиганти, а најбрз беше Арсенал.

Цолис зад себе има фантастична сезона во дресот на Клуб Бриж. Грчкиот напаѓач постигна 22 гола и забележа 29 асистенции и беше главна алка во тимот за освојувањето на шампионската титула во Белгија.

Благодарение на одличните настапи, Цолис беше избран и за најдобар фудбалер во белгиското првенство, а сега е подготвен за предизвик на најголемата сцена во Премиер лигата.