Падна договор: Арсенал го купи Тореира од Сампдорија

Премиерлигашот Арсенал и калчолигашот Сампдорија се договорија за трансферот на Лукас Тореира. Овој млад фудбалер имаше откупна клаузула од 25 милиони евра, но таа сума Арсенал ќе ја исплати веднаш. 

Лондонскиот тим беше подготвен да плати и 30 милиони евра, а Сампдорија се согласи на таа сума, па новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери наскоро ќе добие ново засилување во ростерот, покрај Штефан Лихштајнер. 

Овој 22-годишен фудбалер беше поврзуван со Наполи во претходниот период, но клубот од Италија не сакаше да го плати бараното обештетување за Тореира. Уругваецот претходно беше дел и од Пескара.