Падна договор, Алфонсо Дејвис ќе остане во Баерн Минхен!

Делува дека сагата околу Алфонсо Дејвис ќе заврши, бидејќи според инфомациите на „Атлетик“ паднал договор за продолжување на соработката со Баерн Минхен

Канаѓанецот е во последните месеци од актуелниот договор со баварците, долго време се водат преговори, а тој се предомислуваше дали да остане или да замине на нов предизвик. Делува дека дилемите се разрешуваат и Дејвис ќе стави потпис на нов договор. Според информациите тој ќе биде валиден во наредните пет сезони, односно до јуни 2030 година. 

Левиот бек беше мета број еден на Реал Мадрид кој сакаше да го доведе во своите редови налето. Покрај „кралевите“ заинтересиран беше и Манчестер Јунајтед кој чекаше шанса од сенка. 

Сепак, Алфонсо Дејвис е пред продолжување на сорабоката со Баерн Минхен, клуб во кој пристигна во 2019 година од Ванкувер за 14 милиони евра. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.