Падерборн со голема победа во Берлин ја отвори сезоната, Муслиу одигра цел натпревар

Викендов започна новата сезона во втората Бундеслига, а Македонија барем засега има еден претставник – Висар Муслиу во дресот на Падерборн. 

Стоперот на нашата селекција и неговиот тим позитивно ја отворија сезоната, откако во првото коло извојуваа голема гостинска победа кај некогашниот гигант Херта од Берлин.

Столбот на одбраната на Македонија беше стартер за Падерборн и ги одигра сите деведесет минути.

Големата победа за Падерборн ја обезбедија Геце и Билбиља, додека почесниот погодок за Херта го постигна Маза.