ВИДЕО: Пачука приреди сензација, го исфрли Ботафото во Интерконтиненталниот куп!

Мексиканскиот клуб Пачука приреди сензација во ФИФА Интерконтиненталниот куп, откако во чевртфиналето го совлада Ботафото со 0-3 (0-0). Првакот на Јужна Америка беше фаворит во ждрепката, се очекуваше да стигне до финалето и да го предизвика Реал Мадрид, ама беше сопрен уште на првата пречка. 

Првото полувреме на „Стадион 974“ во Доха не понуди погодоци, а потоа во финишот Мексиканците се распукаа. Резултатот го отвори Идриси пет минути по стартот на вториот дел.

Предноста беше удвоена во 66. минута со погодокот на Деоса, а ветеранот Саломон Рондон на десет минути пред крајот на го постави конечниот резултат. 

  • Извештај од натпреварот:

Во полуфиналето на натпреварувањето Пачука оди на мегдан со Ал-Ахли, а во финато веќе чека Реал Мадрид кој директно ќе се бори за трофејот. Ова натпреварување е замена за Светското клупско првенство кое се играше во овој формат секој декември.