• Саше Љолес

Најтрофејниот европски клуб во Европа, Реал Мадрид, се подготвува за финалниот натпревар на Светското клупско првенство, каде за противник ќе го има мексиканскиот тим, Пачука.
„Кралевите“ ќе се обидат да дојдат до својата шеста титула во историјата, додека за Пачука ова е историска можност првпат да се закити со престижниот трофеј на ФИФА. Мадриѓаните пристигнаа со променлива форма од настапите во Примера, но победија во Лигата на шампионите против Аталанта.
Во секој случај, Реал е апсолутен фаворит против клубот кој е еден од најуспешните во Мексико со седум домашни титули и шест трофеи во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ. Пачука до големото финале стигна откако претходно ги елиминираше Ботафого и Ал-Ахли.
Натпреварот е закажан попладнево во терминот од 18:00 часот по македонско време.