ВИДЕО: Па, зар му требаше ли ВАР? Судија со смешна реакција по СТРАОТНА РАСЕКОТИНА на фудбалер

Стразбур

Екипата на Стразбур ја запиша најубедливата победа на гости кај Рен во рамки од 15. коло во Лига 1. 

Еден момент од мечот денес е причина за сеир кај фудбалските фанови, а тоа е смешната реакција на главниот судија при еден карате удар на eден домашен дефанзивец. 

По истиот, арбитарот побара помош од ВАР-собата, пред да покаже на белата точка. Се поставува прашањето дали тоа воопшто му беше потребно, со оглед на големата расекотина на лицето на играчот на Стразбур.

Гостите поведоа по голот од пенал, а потоа добија уште еден казнен удар, за на крај со уште два гола да стигнат до висок триумф.