Па Омар Џобе ја напушти Македонија и замина во Белорусија

Екипата на Шкендија остана без еден од странските играчи откако се раздели со Па Омар Џобе кој кариерата ќе ја продолжи во белорускиот шампионат.

23-годишниот центарфор дојде во Шкендија во јануари, но експресно беше позајмен во тимот на Струга Трим Љум. Последната сезона Гамбиецот ја мина во тимот крај езерото и на 12 натпревари даде три гола.

Следна станица ќе му биде Белорусија, тимот на Неман Гродно, Па Омар Џобе потпиша со тимот на Неман Гродно како слободен. Играчот во кариерата играше уште и за екипи од Бангладеш, Сенегал и Гамбија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.