Озил со емотивна порака за ситуацијата во Арсенал: Многу сум разочаран!

Месут Озил доживува тешки моменти во кариерата бидејќи менаџерот на Арсенал, Микел Артета, практично воопшто не смета на неговите услуги. 

Плејмејкерот повеќе не добива шанси за игра во дресот на „топџиите“, а чекор повеќе е неговото изостанување од списоците за настап во англиското првенство. Тоа го натера Озил кој е инаку мирен и повлечен, да се обрати до фановите:

„Ова е тешка порака која треба да ја испратам до фановите на Арсенал, каде играв последните неколку години. Навистина сум многу разочаран од фактот дека не сум регистриран за настап во Преммиер лигата сезонава. Покрај тоа што потпишав нов договор во 2018 година, ја докажав мојата лојалност до клубот кој го сакам, Арсенал, ме растажи што тоа не е возвратено. Се трудев да останам позитивен секоја недела, мислејќи дека можеби ќе дојде шанса пак да бидам во составот наскоро. Затоа досега бев мирен и тивок. Пред коронавирусот јас бев среќен со новиот менаџер Микел Артета, имавме позитивен однос и мислам дека мојот перформанс беше на високо ниво.

Сепак, работите се сменија, јас повеќе немам дозвола да играм за Арсенал. Што можам друго да кажам? Лондон сè уште го сметам за дом, имам многу пријатели и конекција со фановите. И покрај сè, ќе продолжам да се борам за шанса и нема да дозволам вака да заврши мојата авантура во Арсенал. Оваа одлука нема да смени ништо во мојот мозок, ќе продолжам да работам и тренирам најдобро што можам“, напиша Озил.

Артета реши да не го повика Озил прво за настапите во Лигата на Европа, а потоа и Премиер лигата, што е несфатливо дури и за фановите на Арсенал.