Овермарс веднаш најде работа по скандалот со Ајакс

Холандската фудбалска легенда Марк Овермарс доби отказ од управата на Ајакс, но брзо најде работа во европскиот фудбал и се сели во Белгија.

Овермарс е именуван за нов спортски директор на белгиски Антверпен. Минатиот месец Холанѓанецот се раздели со Ајакс, откако беше обвинет за сексуално вознемирување од страна на колешките.

„Она кое се случи во Ајакс не влијаеше во моите преговори со Антверпен. Тоа нема повеќе да се случи“, изјави Овермарс.

Овермарс и белгискиот тим од Жупилер лигата потпишаа четиригодишен договор.