• Горан Упале
Холандскиот стручњак Марк ван Бомел е назначен за нов тренер на белгиски Антверпен. Договорот меѓу двете страни е потпишан на две години.
Антверпен минатата сезона заврши на четвртото место во белгискиот шампионат и има многу поголеми амбиции. За спортски директор е назначен Марк Овермарс, кој реши да му даде шанса на клупата на својот поранешен пријател од холандската репрезентација.
Ван Бомел во октомври минатата година доби отказ од Волфсбург. Во текот на својата играчка кариера, Ван Бомел собра 79 натпревари за холандската репрезентација, а ги носеше дресовите на ПСВ Ајндховен, Барселона, Баерн Минхен и Милан.