Овермарс потврди: Зијеч заминува, само треба да ја одбере следната дестинација

Теоријата дека Ајакс нема веднаш да ја распродаде екипата паѓа во вода. Имено, спортскиот директор на новиот холандски шампион потврди дека мароканскиот напаѓач Хикам Зијеч сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Според Овермарс, одамна е договорено фудбалерот да ја одбере својата идна дестинација, а преговори не се потребни, бидејќи Зијеч има откупна клаузула од само 25 милиони евра, што не би претставувала проблем за ниту еден голем клуб во Европа.

За услугите на брзоногиот напаѓач заинтересирани се великаните од Англија и Баерн и Борусија Дортмунд. Оваа сезона беше најдобра во кариерата на Хикам Зијеч, откако запиша 21 гол и 24 асистенции во сите натпреварувања за Ајакс.

Покрај Зијеч, ова лето дресот на гигантот од Амстердам со сигурност ќе го напуштат Де Јонг и Де Лихт.