Овен: ПСЖ е послаб со Меси, сите четири англиски клубови се поквалитетни

Францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен наславно ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, откако на гости кај Клуб Бриж одигра само 1-1. Ѕвездениот тим на Маурицио Почетино за првпрат пат беше составен со Мбапе, Нејмар и Меси во нападот, но ниту тој факт не помогна да се запише првата победа во европската елита.

Поранешниот ас на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Мајкл Овен, вели овој ПСЖ со Меси во тимот е послаб од оној ланскиот.

„Колку и да сме фасцинирани од овие тројца феноменални напаѓачи, кои се врвни поединци, ми се чини дека нападот е послаб кога играат Меси, Нејмар и Мбапе. Не разбирам зошто е меѓу фаворитите во Лигата на шампионите. Мислам дека сите четири англиски тимови се далеку подобро. Многу понапред од нив“, вели поранешниот напаѓач.

Несомнено, оваа изјава на Овен ќе предизвика многу реакции кај фудбалската јавност, а дали е во право, ќе дознаеме во подоцнежниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.