• Зоран Мишевски

Овче Поле од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона. Стручниот штаб ќе биде предводен од Јорданчо Трендафилов, а во следните денови ќе се приклучат уште неколку играчи.
Нови имиња во тимот се Никола Стоиловски кој доаѓа од редовите на второлигашот Осогово, Метин Ќерими од Беласица, Андреј Славевски од младинските категории на Њу Старс, Стефан Антониев од младинскиот погон на штипска Брегалница, а со него во пакет доаѓаат и Горјан Кочиев и Филип Митев.
Минатата сезона Овче Поле не успеа во борбата со Победа Валандово, која стана шампион.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.