• Зоран Мишевски

Со пригодна свеченост пред почетокот на натпреварот меѓу Беласица и Детонит Плачковица, струмичкиот клуб одбележа една голема легенда. Човекот кој цел живот го посвети на Беласица со овации беше поздравен од гледачите на „Благој Истатов“ во Струмица.
Петар Андреев доби пригодни подароци од првите луѓе на Беласица за цела една кариера, еден живот посветен на Беласица.
„Човекот кој остави најголема трага во Беласица со 555 натпревари во 22 сезони - Петар Андреев претставува пример за денешните генерации каква треба да биде љубовта кон сопствениот клуб. Тој денес со големи овации беше поздравен од струмичката публика која во еден глас го скандираше неговото име. Од претседателот на клубот Славчо Васков- Пинда му беше доделена плакета и врамен дрес со неговото име кое ќе му остане во вечно сеќавање“, се вели во соопштението на Беласица.
Беласица добро ја започна сезоната во Втората фудбалска лига и со десет бода е во водечката група од четири екипи.

