ВИДЕО: Ова се случува еднаш во милион – словачки голман ја има одбраната на сезоната

Плоешти

Голманот на полскиот прволигаш Пиаст Гливице, Франтишек Плах, оствари спектакуларна одбрана на дуелот со Лех Позњан.

Натпреварот заврши без голови најмногу благодарение на 29-годишниот словачки интернационалец. Се играше 65. минута кога со помош на стативата, гостинскиот голман направи интервенција, поради која домашните фудбалери паднаа во очај.

Рефлексот одигра клучна улога во оваа одбрана, но Плах имаше среќа и покажа голем талент на голот на гостинскиот тим.